Версус Дизајн

Професионална Изведба на Гипс Картон (КНАУФ Системи)

Јавете сѐ на 078 393 998 Viber Chat

Gletuvanje Skopje

Версус Дизајн: Изведба на Гипс Картон и КНАУФ Системи

Сувата градба во современата градба носи низа предности. Како предност од останатите материјали кои се употребуваат во вашиот дом како и системските решенија, ние ви ги нудиме следните својства

  • Здравје
  • Звучна изолација
  • Противпожарност
  • Безбедност и заштита
  • Акустика
  • Енергетска ефикасност

Не секогаш е лесен изборот за тоа што сакаме а притоа да го постигнеме најдобриот квалитет заедно со најдобрите својства и секако притоа да добиеме модерен дом. Сето тоа можеме да го постигнеме со правилен избор и правилна употреба на нашите изведби од Гипс Картон и KNAUF системи и поради тоа Ви ги нудиме следниве системи

  • Спуштени тавани
  • Преградни зидови
  • Зидни облоги
  • Фасадни зидови
  • Облоги
Gips Karton Skopje

Секој наш систем се дели на под системи и поради тоа сме различни од останатите. Спуштените тавани може да ги имаме во

  • Различни дизајни, кроења и куполи
  • Самоносечки
  • Акустични
  • Подкровја, косини и баџи
  • Тавани за заштита од зрачења

Преградните зидови може да ги имаме во

  • Различна дебелина и тоа од минимум 75мм а максималната дебелина зависи од бараните перфоманси кои сакаме да ги постигнеме
  • Различни својства и карактеристики кои може да ги постигнеме и тоа Акустика, Противпожарност, Зрачење, Безбеден зид, Звучност
  • Можеме да ги поставиме во Подрум, Спална, Дневна, Кујна, Бања или Подкровје
  • Се каректеризираат со лесна и брза монтажа, и имаат мала сопствена тежина односно не предизвикуваат дополнително оптоварување на објектот и неговата статика

Зидни облоги

  • Ги имаат истите карактеристики како и кај преградните зидови

Фасадни зидови

  • Новина во фасадните системи
  • Голема енергетска ефикасност, звучна изолација и противпожарност
  • Лесни и поради тоа го зголемуваат нивото на сеизмичност односно отпорност на земјотреси и други надворешни влијанија
Moleraj Skopje

Облоги

  • Заштита на дрвени, челични и бетонски греди
  • Постигнување на висока противпожарност на канали за кабли или канали за вентилации
  • Облоги на врати и прозори
  • Различни декоративни изведби

Каде се може да ги применуваме наведените системи

  • Во нашите куќи
  • Станбени згради
  • Училишта и градинки
  • Болници
  • Хотели
  • Викендици

Што добиваме со правилна примена на нашите системи

  • Звучна и Термичка изолација
  • Болници
  • Отпорност
  • Брза изведба
  • Заштита од влага
  • Повеќе простор
  • Оптимизирани товари и
  • Амбиетална клима
  • Флексибилност
Gipsuvanje i Moleraj Skopje

Квалитетно, лесно и модерно, поефтино од традиционалната градба, како и подигнување на вредноста и животниот комфорд се придобиките од користењето на нашите системи

Термо фасади
Фасадите можат да бидат изработени од два различни изолатерски материјали, и тоа

  • Стиропол, со дебелина од 5, 8, 10, 12, 15 см и различна густина од минимум 10 кг/м3 до 30 кг/м3, и
  • Камена волна со дебелина од 5, 8, 10, 12, 15 см и густина од минимум 100 кг/м3

Постапката за изработка при користење на стиропол или камена волна, редоследот е ист. Завршниот декор од абрип може да се изработи по желба и во различни форми и бои.

Абрипот може да биде минерален и пластичен. Минералниот абрип е со помала отпорност и трајност додека пластичниот абрип има подобри карактеристики и поголем век на издржливост. Предноста кај пластичниот абрип е што може да се тонира секоја канта, и потоа секоја канта е со иста нијанса додека минералниот абрип е со бела боја но по желба може да се фарба со фасаден поликор во нијанса по желба, но тоа секако е дополнителна работа која што и дополнително се наплатува и секогаш постои опасност да дојде до разлика во нијансата на бојата.

Кулирпласт е материјал кој се користи за места каде што има поголемо количество на вода односно неговите карактеристики за отпорност на места каде што водата се задржува се поголеми отколку кај абрипот. Истиот се карактеризира со различни декори и бои. Негова најчеста примена е кај долните делови од фасадите (цокла) и оградите или на дел од фасадата како нејзин декор.

Молерисување и глетување

Секој дом е потребно на одреден временски интервал да се освежува односно да се дезинфицира со тоа што ќе го молерисуваме. Квалитетниот избор на боја е клучен од тоа колку раце ќе се нанесат, која ќе биде нивната дебелина и се разбира дали ќе ја постигнеме нијансата што сме ја побарале.

При редовно молерисување често ни се јавува проблем а тоа е лупење на старата подлога. Таа појава може да се појави од повеќе причини

  • Нечиста подлога на која е извршено глетување и притоа не е употребено подлога
  • Подолго време бојадисување на иста површина и веќе е формиран дебел слој на поликолор кој што се одвојува од подлогата
  • Протечена вода од оштетен кров кој ја оштетува подлогата која треба да ја молерисуваме

Од горе наведените проблеми со кој што сите сме се соочиле, подобро е секогаш навремено да реагираме одколку подоцна да превенираме. Тоа значи дека секогаш кога сме во фаза за глетување, површината која што треба да се глетува треба убаво да биде припремена. Добрата припрема значи целата површина да биде добро исчистена, потоа истата да се премачка со подлога или У-врска и по нејзино сушење да прејдеме на глетување. Секогаш треба да се придржуваме кон упатсвото за начинот на растварање, нанесување и период на сушење.

Глетувањето е постапка која ни овозможува да добиеме идеално мазна површина. Колку е подобро изведена толку подобро можеме да го изработиме молерисувањето. Секогаш при глетување треба да водиме рачун на дебелината која ја нанесуваме, колку е таа подебела толку повеќе ја скратуваме можноста за долгорочно молерисување. Тоа значи дебела подлога на глет, помалу раце на молерисување може да издржи.

Доколку имаме состојба на нерамна површина и имаме потреба да добиеме мазна подлога, наша препорака е да се користи друг метод. Тој се состои од подготовка на површината со подлога или У-врска, нанесување лепак, поставување мрежа (која се користи кај фасадите), нанесување втор слој на лепак и глетување. Вака подготвена подлога може да издржи повеќе слојно односно повеќе годишно молерисување и притоа да не дојде до лупење на слоевите.

Молерисувањето може да биде во различни нијанси на бои, може да се користат и акрилни бои. Доколку имаме простории кои се користат за производство, истите може да бидат молерисани со мрсна боја која во денешно време ја имаме во повеќе варијанти, и тоа на база на Уљен разредувач или на база на вода.

Контактирајте не

За повеќе инфо околу нашите услуги ве молиме контактирајте не преку оваа веб страница или на телефон/вибер.

Контактирајте нѐ на телефон: 078 393 998 (VersusDizajn.mk)